Утрински Весник
Македонија

Вечерва пороен дожд и грмежи, утре посвежо и врнежи

Дожд и засилен ветер за време на празничниот викенд

Скопје, 20 мај 2020 (МИА) – УХМР за утре најавува облачно и значително посвежо време со засилен, повремено силен северен ветер. Ќе има и врнежи од дожд, особено претпладне, а во јужните делови локално ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.

Од петок, пак, ќе преовладува стабилно време со умерен северен ветер, а во почетокот на наредната недела ќе има услови за локален дожд.

Според УХМР, денеска во вечерните и ноќните часови на повеќе места се очекува нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има услови за невреме со ветер и град. Максималната температура ќе биде од 25 до 31 степен. мч/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Укината спорната одлука за урбанизам во Тетово, крај за „цртањето“ градежни линии на око

Развојна банка го прекршила правото на новинар, мора да ги открие фирмите кои земале државни кредити

Марихуана и амфетамин пронајдени во дом на скопјанец