Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Спасовски: Ги добивме одговорите од сите три институции, очекуваат датум за избори

➡
300x250 opst2

Скопје, 20 мај 2020 (МИА) – Ги добивме одговорите од сите три институции, од Комисијата за заразни болести, Државната изборна комисија и ОБСЕ/ОДИХР, кои не информираат дека очекуваат датум за избори и на основа на тоа да започнат подготовки, објави денеска техничкиот премиер Оливер Спасовски.

– Комисијата за заразни болести даде извештај, стручно мислење, протокол за тоа како и на кој начин може да се одржуваат изборите, какви би биле тенденциите во однос на развојот на болеста.

– Државната изборна комисија информираше за роковите коишто се потребни за спроведување на изборните дејствија.

– Во писмото од ОБСЕ/ОДИХР нè информираат дека очекуваат датум за избори и на основа на датумот да ги започнат сите подготовки за испраќањето на мисијата за набљудување на изборите, објави денеска техничкиот премиер Оливер Спасовски на својот Фејсбук профил. аа/скс/

Одговор од ОБСЕ/ОДИХР, ДИК и Комисија за заразни болести

Ги добивме одговорите од сите три институции, од Комисијата за заразни болести, Државната изборна комисија и ОБСЕ/ОДИХР.Комисијата за заразни болести даде извештај, стручно мислење, протокол за тоа како и на кој начин може да се одржуваат изборите, какви би биле тенденциите во однос на развојот на болеста➡Државната изборна комисија информираше за роковите коишто се потребни за спроведување на изборните дејствија➡Во писмото од ОБСЕ/ОДИХР нè информираат дека очекуваат датум за избори и на основа на датумот да ги започнат сите подготовки за испраќањето на мисијата за набљудување на изборите

Posted by Oliver Spasovski on Вторник, 19 мај 2020

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Кичевчанец возел со 2,11 промили алкохол во крвта

Паднаа двајца дилери, во автомобилот имале кокаин, вага и пари

25-годишна охриѓанка претепана на работното место од маж кој подолго време ја вознемирувал