Утрински Весник
Спорт

УЕФА разгледува опција со Ф4 за Лигата на шампионите

Резултати и стрелци од второто квалификациско за Лигата на шампионите
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Нион, 19 мај 2020 (МИА) – УЕФА, заедно со Европската клупска асоцијација и претставници на европските првенства, разговараат за можноста за промена на форматот на ЛШ.

Работна група на европскиот фудбалски штаб работи на опцијата со „Финална четворка“ во Истанбул, со која треба да се заврши најпрестижниот клупски турнир. По одигрувањето на преостанатите дуели од осминафиналето, постои опција да се премине кон еден натпревар на елиминации за четвртфиналето.

Ако се оди според планот и европските турнири се играат во август, играчите ќе добијат пауза во септември. Ова значи дека УЕФА ќе треба да ги одложи натпреварите од Лигата на нациите.

Во меѓувреме, претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, појасни дека датумот 3 август, на кој треба да завршат националните првенства, не е официјален.

Тој објасни дека се препорачува, но не задолжително.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Ѓоковиќ: Целта ми е настап на ЛОИ 2028

Џошуа повреден во сообраќајна несреќа со смртни последици

Вардар предложи јужната трибина да го носи името Васил Рингов