Утрински Весник
Македонија

Филипче: Се подготвуваме за втор бран на Ковид-19 наесен, почнуваме голема инвестиција во здравствениот систем

Филипче: Единаесет медицински лица од кумановската болница позитивни на коронавирусот

Скопје, 19 мај 2020 (МИА) – Коронавирусот многу веројатно ќе има и втор бран покажуваат сите досегашни студии, но и искуства од други епидемии. За него се подготвуваме согласно консултациите кои ги имаме со повеќе земји, со СЗО, но и со поединечни случаи од повеќе земји. Започнуваме голема инвестиција во здравствениот систем и ги зајакнуваме одделенијата за интензивна нега ширум земјата. Се подготвуваме за новиот бран на вирусот наесен и ќе го пречекаме поподготвени за да го заштитиме здравјето за граѓаните, истакна министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција.

Ќе ги опремиме, посочи тој, сите одделенија за интензивна нега со модерна опрема, кревети, респиратори, дигитални рендген апарати, ехио апарати и се друго што е потребно за да се пружи соодветна здравствена заштита.

– Покажавме што значи да се работи во интерес на граѓаните и како одговорно и навреме се делува во случај на криза, покажавме дека умееме одлично да се носиме со големите предизвици и кризи и тоа уште подобро ќе го правиме кога и да го имаме пред нас повторно предизвикот за заштита на јавното здравје и граѓаните, додаде Филипче. рп/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Утре ќе се одржат директни внатрепартиски избори за Претседател на СДСМ

Извлечени две лица од Мавровско Езеро

,,Да не сакате друго пумпање?” вицепремиерот Стоилковиќ со погрдни зборови кон Костовски од СДСМ