Утрински Весник
Македонија

Општина Гостивар легализира 28 објекти на Исламската верска заедница

Општина Гостивар легализира 28 објекти на Исламската верска заедница
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Гостивар, 19 мај 2020 (МИА) – Гостиварската локална самоуправа издаде решенија за легализирање на џамии, мектеби и теќиња. Градоначалникот Арбен Таравари на прием, докумените лично му ги предаде на првиот човек на гостиварското муфтиство.

Со процесот на легализација на бесправно изградени објекти изминатиов период во општина Гостивар, беа опфатени 22 џамии, четири мектебиња и две теќиња кои се наоѓаат во градот и околните села.

Гостиварскиот муфтијата Шаќир Ефенди Фетаху искажа благодарност за соработката со локалната власт и посочи дека е горд што завршила голема работа. Покрај џамиите и другите верски објекти, легализирана е и зградата во близина на Саат кулата во која е сместено седиштето на гостиварската муфтинија. Овој објект пред изградбата со одлука на Советот на општината беше ослободен од комуналните такси. згм/рп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Сообраќајна несреќа го блокира патот Кочани – Штип

До 250 деца дневно во „Козле“ поради силен бран на грип

Беким Сали е именуван за прв заменик – претседател на Владата