Утрински Весник
Македонија

Уставните судии донираа 138.000 денари во Фондот за справување со коронавирусот

Уставните судии донираа 138.000 денари во Фондот за справување со коронавирусот

Скопје, 18 мај 2020 (МИА) – Уставните судии донираа 138.000 денари на сметката објавена од Владата на Република Северна Македонија за справување на кризата со короновирусот.

– Уставниот суд на Република Северна Македонија, ја известува јавноста дека претседателот на Судот и сите судии, донираа по 20 отсто од својата нето плата за месец април со намена поддршка на активностите за спроведување на мерките за справување на кризата со короновирусот на сметката објавена од Владата на Република Северна Македонија за оваа намена.

Вкупниот износ на средствата изнесува околу 138.000,00 денари, се наведува во соопштението од Уставниот суд. дма/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Со конференцијата „Future Shift: Економија, технологија, млади“ официјално започна со работа РЕФОРМ5

Сиљановска-Давкова: Секој обид за политизација на Врховниот суд е закана за демократијата

Измените на Изборниот законик влегуваат во завршна фаза