Утрински Весник
Македонија

„Рекeт” продолжува на 25 и 26 мај

„Рекeт” продолжува на 25 и 26 мај

Скопје, 18 мај 2020 (МИА) – Рочиштата за предметот „Рекет”, закажани за 19 и 20 мај се одлoжуваат за 25 и 26 мај, соопшти денеска Основниот кривичен суд Скопје.

– Заради интерес на медиумите и набљудувачите од невладините и меѓународните организации кои го следат судењето со КОК.бр. 116/19 во јавноста познат како „Рекет“, ја информираме јавноста дека по барање на Јавниот обвинител, продолжението на главната расправа насрочено за 19 – ти и 20 – ти мај 2020 година, се одлага, информираат од ОКС – Скопје.

На следното рочиште за „Рекет“ предвидено е завршни зборови да даваат обвинителството и одбраната.оџ/са/

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Заплена на нелегални дрва, приведен и вработен од „Македонски шуми“

Што може да донесе утрешниот Конгрес на СДСМ?

Во Битола санирани проблемите од вчерашното невреме