Утрински Весник
Македонија

Здравствените работници кои се борат со Ковид-19 ќе добијат 20 отсто повисока плата за 2 месеци

Скопје е новото жариште на Ковид -19 во Македонија

Премиерот Оливер Спасовски на денешната прес-конференција информираше за нова мерка, со која владата ќе им изрази благодарност на здравствените работници кои директно се борат против Ковид-19 во земјава. Тие ќе добијат 20 отсто повисока плата за 2 месеци, која ќе им биде исплатена преку домашна платежна картичка.

– Здравствените работници во битката со Ковид-19 се во првите редови и тие го заслужуваат целото наше внимание и благодарност. Заради нивната посветеност, надежта и оптимизмот во битката со Ковид-19 беа реални – изјави премиерот Спасовски.

Зголемени плати ќе добијат докторите и медицинскиот персонал на инфективните клиники и одделенија, на Универзитетската Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби, на Институтот за јавно здравје и Центрите за јавно здравје низ земјава, како и сите членови на тимовите од итната медицинска помош.

Владата преку Фондот за здравствено осигурување веќе донесе одлука за исплата на полниот надоместок за плата на оние здравствени работници и вработени во здравствените институции кои заболеле од Ковид-19, вршејќи ја својата работа во институциите. На тој начин, на овие здравствени работници нема да им се одбијат средства од нивните плати бидејќи користеле боледување.

Извор: meta.mk

Можете да прочитате

Сушниот и топол период продолжува во Македонија, постои опасност од појава на нови шумски пожари

Со полициски хеликоптер пренесен македонски државјанин кој беше на лекување во Виена 

Мицкоски, Мисајловски и Агелер во посета на касарната „Јане Сандански“ – Штип