Утрински Весник
Спорт

Борусија го загуби Загаду до крајот на сезоната

Борусија го загуби Загаду до крајот на сезоната

Дортмунд, 17 мај 2020 (МИА) – Тренерот на Борусија Дортмунд, Лусијан Фавр информираше за повредата на дефанзивецот Дан-Аксел Загаду, која ја доби по натпреварот од 26-то коло од Бундеслигата против Шалке 04 (4:0).

Дваесет-годишниот Французин има повреда на левото колено.

– Загаду нема да игра до крајот на сезоната, изјави Фавр за „Спортбазер“.

Оваа сезона дефанзивецот забележа 13 натпревари во германскиот шампионат, со 1 гол и 1 асистенција.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Одби да се бори против Израелец – алжирски џудист дисквалификуван од ОИ

Надал за мечот со Ѓоковиќ на Олимпијадата: Веројатно тој е јасен фаворит

Најдобриот во светот загуби, па направи хаос