Утрински Весник
Спорт

Осака: Нема да заборавам да играм тенис, а тренингот по пет часа на ден во моментов не е добра идеја

Осака: Не чуствувам задоволство од играта

Њујорк, 16 мај 2020 (МИА) – Двократниот шампион на Грен слем турнирите, Наоми Осака, кажа што прави за време на паузата поради пандемијата.

– Сакам да го поминм ова време проучувајќи нешто ново или само-развој. Сигурна сум дека никогаш повеќе нема да имам толку многу слободно време. Дефинитивно нема да заборавам како да играм тенис, а тренингот пет часа на ден во моментов не е добра идеја, затоа што можете да изгорите, и не е јасно кога мечевите ќе продолжат.

Осака опиша како прекинот на настапите влијае врз нејзината перцепција за тенисот.

– Сегашната состојба ме мачи малку, но сите се во иста позиција. Кога натпреварите продолжат, ќе бидам повеќе благодарна на судбината за тоа каде сум, затоа што никогаш не знаете кога може да се случи вакво нешто повторно. Навистина ми недостасува тенис, истакна Осака. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Маршан победи со олимписки рекорд, Мартиненги ја прекина доминацијата на Пити

Јапонија и Австралија најуспешни по вториот ден на Олимписките игри

Двајца тенисери се повлекоа од Олимпијадата во Париз