Утрински Весник
Македонија

Протест на жителите од Чајле, бараат прво да се постави канализациониот колектор, па потоа да се асфалтира

Протест на жителите од Чајле, бараат прво да се постави канализациониот колектор, па потоа да се асфалтира

Гостивар, 16 мај 2020 (МИА) – Жителите на на гостивар ското село Чајле, денеска имаа протестен собир од кој до надлежните институции испратија апел побрзо да се координираат и да ги надминат разликите. Тие, како што кажаа, нема да дозволат да се афалтира делот од регионалиот патен правец Чегране-Гостивар, што минува низ нивното село.

Првиот човек на месната заедница Чајле, Синан Елези смета дека поставуавњето нов асфалт е важно и корисно за жителите на ова полошко село, но како што напоменува, мора прво да се постави колекторот за отпадните води и да се реализира прокетот за канализација.

– Ние бараме да се заврши изградбата на канализацијата, па потоа да се постави асфалтот. Ако остане вака, за кратко време, нова улица ќе треба да се прекопува и да пропадне сработеното, изјави Елези.

Жителите на Чајле кои денес беа на протестот кажаа проблемот настанал во координацијата на работите помеѓу локалната самоуправа и централната власт.

Проектот што го почна претпријатието „Македонија пат“ и предвидува реконструкција на патниот правец што ги врзува селата под Сува Гора со Гостивар започна со реализација пред две недели. Во меѓувреме, еден од капиталните проекти на локалната власт, поставуавње на канализација во селото Чајле не е отпочнат, бидејќи ја нема согласноста која ја издава МВР. Според нив, мора да дојде до излез, од оваа позиција која на нарекоа ќорсокак.

Сафет Реџепи, во име на жителите на селото Чајле, напомена дека ги интересираат политичките препукувања, туку да се најде решение и нивното барање да биде прифатено, во спротивно тие нема да им дозволат механизацијата да влезе и да асфалтира 850 метри кои минуваат низ селото.

Од Општина Гостивар велат дека работите на изведбата на проектот за фекална каналзиација не може да почне и дека чекаат на документ со согласност од МВР за времена измена на сообраќајот додека трае изградбата. Локалните власти се оптимисти и очекуваат нивното барање да биде одобрено и од наредната недела да се почне со активностите.

Јавното претпријатие „Македонија пат“, пред некој ден започна со асфалтирање на регионалниот пат Чегране-Форино и за кусо време ќе дојде до Чајле. Во меѓувреме е воведено е времено пренасочување на сообраќајот и секој работен ден од 8 до 16 е затворен за сообраќај, па жителите на најбројните села Чегране и Форино се користат со алтернативни патишта. згм/нд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Ана Котевска освои златна медала на интеранационалната Олимпијада по германски јазик

Влен почнува со формирање на Академија на Албанците за Наука и Уметност

ВМРО ДПМНЕ: Кога следен пат од СДС ќе зборат за наводни криминалци прво нека си заметат во својот двор