Утрински Весник
Македонија

Пронајден човечки череп на патот кон резерватот „Јасен“

Полицијата растерала поголема група млади на Водно

Скопје, 16 мај 2020 (МИА) – Полициски службеници од СВР Скопје вчера околу 19 часот при вршење обиколка на местото викано „Осој“ во атарот на село Чајлане, покрај карпата во каменоломот што се наоѓа на патот кон резерватот „Јасен“, пронашле човечки череп.

Како што соопшти МВР, денеска увидна екипа од СВР Скопје, во присуство на јавен обвинител и лекар од Институтот за судска медицина и криминалистика, изврши увид на местото на настанот, а телото е ископано, подигнато и предадено за обдукција. нд/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

СДСМ: Среќна работа на новиот јавен обвинител!

Возач удрил 11 годишно девојче во Капиштец, па избегал – полицијата го пронајде

Реинивенција на социјалдемократијата во Македонија, партија а не платформа може да победи власт