Утрински Весник
Спорт

Успешен почеток на новата шема кај судиите во Германија

Успешен почеток на новата шема кај судиите во Германија

Берлин, 16 мај 2020 (МИА) – Од денес, постои промена во обелоденувањето на судиите за натпреварите во Првата и Втората Бундес лига.

Имињата на судиите сега се објавуваат само неколку часа пред почетокот на соодветните дуели. Ова е затоа што тие се тестираат за коронавирус во последната минута. Ако тие се негативни, судијата оди на натпреварот што му е доделен.

Денес нема информации за позитивен примерок, што е добар почеток. Денис Ајтекен ќе го води дербито Борусија (Дортмунд) – Шалке 04.

Денес ќе се одиграат вкупно 10 натпревари – 6 во елитата и 4 во вториот ешалон.

Судиите за утрешните натпревари ќе бидат откриени утре претпладне.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Георгиевски освои злато на Скопје опен Г1

ГРК Охрид домаќин на Олимпијакос во реваншот од четвртфиналето на Европскиот куп

Последно коло од регуларниот дел на сезоната во кошаркарското првенство