Утрински Весник
Македонија

ЈП „Комуналец“ работи на косење на јавните површини во Крива Паланка

ЈП „Комуналец“ работи на косење на јавните површини во Крива Паланка
300x250 (7)

Крива Паланка, 16 мај 2020 (МИА) – Вработените во секторот паркови и зеленило на јавното претпријатие „Комуналец“ од Крива Паланка интензивно работат на косење на сите тревни јавни површини, почнувајќи од градскиот кеј и стадион.

-Се работи на косење на тревните површини покрај ролерско-велосипедксата патека, се уредуваат и тревните делови околу светните декорации долж десната страна на мајор-коритото на Крива Река, а денес се изврши и редовно косење на тревата на градскито стадион на спортскито комплекс, каде неодамна беше поставена нова атлетска аптека. Вработените во „Комуналец“ работат и на доуредување на деловите околу патеката и целиот комплекс ан гардскиот стадион, каде се лоцирани и тениското имултифункционалното игралиште, информиар Миле Марковски, директор на ЈП „Комуналец“, Крива Паланка.

Img 5587

Рече, вработените од Паркови и зеленило тековно ги уредуваат и одржуваат сите цветни површини во пааркот, на јавните површини и пред институциите.

– Секторот паркови и зеленило минатата година подигна и уреди вкупно околу 2.113 метри квадратни нови озеленети површини, а годинава се работи и на нови над 5.000 метри квадратни зелени јавни површини на локациите кај Торанечка зграда во Осичка маала, косина кај Треска, кај спортските терени, над новиот мост на Дурачка река, во речното корито на повеќе локации, додаде Марковски.

Во сопствените фолии на ЈП „Комуналец“ годишно се одгледуваат 20.000 корени што се засадуваат на сите цветни форми и јавни паркови, порај градскиот кеј, ролерско-велосипедска патека и други локации. ид/нд/

Извор: mia.mk

Ss1

Можете да прочитате

Од полноќ почнува молк пред вториот круг од претседателските и парламентарните избори

Православните верници денеска слават втор ден Велигден и Ѓурѓовден

Во мај уште еден продолжен викенд