Утрински Весник
Македонија

Четири новозаразени и двајца излекувани во Прилеп

Четири новозаразени и двајца излекувани во Прилеп
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Прилеп, 16 мај 2020 (МИА) – Во Прилеп денеска се евидентирани четири нови случаи на заразени од коронавурисот, а две лица се оздравени.

На Инфективното одделение во градската болница во Прилеп се хоспитализирани 21 лице, од кои 16 се позитивни на коронавирусот.

– Двајца пациенти се наоѓаат на кислородна поддршка, а поради потешката клиничка слика, еден пациент ќе биде испратен на лекување во Клиничката болница во Скопје. Во делот за изолација се наоѓаат 5 пациенти. Од нив, двајца се негативни на коронавирусот, а на тројца земен им е брис и се чекаат резултати, информираат од Инфективното одделение.

Во Прилеп во самоизолација се наоѓаат 160 лица. Во изминатото деноноќие не се забележани нарушувања на полицискиот час. ем/фф/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ГП Евзони (Богородица) затворен за сообраќај на сите видови возила

Објавен првиот „Македонски етимолошки речник“, издание на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“

Заврши реконструкцијата на ГАК вредна 110 милиони денари, на Клиниката годинава родени над 4 000 бебиња