Утрински Весник
Македонија

Работник починал по повреди во фабрика во Скопје

МВР билтен (ДПЛ)

Скопје,16 мај 2020 (МИА) –  Полицијата информира дека починал работник со иницијали Б.С (51) од тетовско село,  кој се повредил при работа во фабрика во Скопје.

Во СВР Скопје вчера во девет часот од болницата „Аџибадем Систина“ било пријавено дека кај нив бил донесен повреден работник од фабрика во Скопје.  По излегување на местото на настанот полициски службеници констатирале дека станува збор за Б.С.(51) од тетовско село, кој се повредил при работа. Од страна на лекар била констатирана смрт, информира во дневниот Билтен Министерството за внатрешни работи.

Известени се надлежни инспектори, а увид бил извршен од увидна екипа од СВР Скопје.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција.лв/хс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Левица: Две години МВР со Тошковски не постапува за криминалот со надзорот на Бехтел и Енка

ВЛЕН: Честит Курбан Бајрам на сите граѓани од исламска вероисповед

Уапсени двајца криумчари на мигранти од Косово, одреден им е притвор од 30 дена