Скопје, 15 мај 2020 (МИА) – Единицата за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против З.М.(57), поради постоење основи на сомнение дека сторил кривични дела „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ и „фалсификување службена исправа“.
Пријавениот, во својство на управител на правно лице, во период на постоење Одлука за забрана и посебен режим на движење на територијата на РСМ, на двајца вработени издал дозвола за движење поради вршење на сменска и ноќна работа и покрај тоа што правното лице немало регистрирано ноќна работа и работа во викенд. Притоа, на 29 април 2020, при контрола од страна на полициски службеници, тие на увид ја приложиле дозволата со невистинити податоци.
На 14.05.2020 во 15.20 часот било пријавено дека во Маврови Анови, на околу 100 метри од Полициското одделение Маврово, настанал пожар во викенд куќа.
Пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица Гостивар. Увид се врши во текот на денот.
На 14.05.2020 околу 07.00 часот во Полициското одделение Мирковци било пријавено дека во село Кучевиште, скопско, во дворот од куќата сопственост на Н.Н., настанал пожар во неговото патничко возило „голф“, со скопски регистарски ознаки.
Пожарот бил изгаснат од сопственикот, а увид на местото извршиле полициски службеници.
На 14.05.2020 во 20.30 часот во СВР Скопје, Ф.Б.(26) од Скопје пријавил дека во 16.40 часот на ул.„Војвода Васил Чакаларов“, поради претходно недоразбирање, бил физички нападнат од М.Ф.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 14.05.2020 во 19.50 часот во Полициската станица Карпош, С.И.(41) од Скопје пријавил дека во 18.45 часот, во парк на бул.„Партизански одреди“, поради претходно недоразбирање, бил физички нападнат од едно лице.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 14.05.2020 околу 15.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Отокар Кершовани“, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Е.Џ.(18) и Р.Џ.(52), двaјцата од Скопје, од една страна и В.М.(37) од Скопје, М.М.(33) и Б.М.(39), двaјцата од село, Слупчане, кумановско, од друга страна.
Сочинети се записници за констатиран прекршок по член 11 од Законот за прекшоците против јавниот ред и мир.
На 14.05.2020 во 13.45 часот во Полициското одделение Теарце, Џ.Б.(68) од Тетово пријавил дека од домот во с.Јажинце се оддалечил неговиот брат Е.Б.(64).
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
На 14.05.2020, С.Р. (35) од кичевското село Подвис пријавил дека на ул.„Тренко Тасески“ во Кичево, бил каснат од куче скитник во пределот на десната надколеница.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против В.Џ.(52) од село Смојмирово, беровско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“.
На 01.05.2020 во дворното место од семејната куќа, по кратка вербална расправија, пријавениот со шише ја удрил неговата сопруга Ф.Џ. и ѝ нанел телесни повреди.
На 14.05.2020 во 13.00 часот во СВР Велес, А.Д.(54) од Велес пријавила дека по кратка расправија со нивниот син, нејзиниот сопруг В.Д.(57) се оддалечил од домoт.
Тој во повеќе наврати се оддалечувал од домот и бил враќан назад. Се работи на пронаоѓање на лицето.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против С.Х. (44) од Гостивар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување на службено лице во вршење на службено дејствие“.
На 12.04.2020 околу 19.40 часот во Гостивар, пријавениот физички нападнал полициски службеници кои вршеле службени дејствија.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против М.М.(42) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.
На 16.10.2019, пријавениот во својство на управител на техничка служба ЦВО Охрид, постапил спротивно на правилникот за идентификација и оцена на техничка состојба на возила, така што на Ф.Џ. од село Стрелци, кичевско, му овозможил да ја искористи погодноста за увоз и прва регистрација на патничко возило „форд транзит“, кое во моментот не ги исполнувало законски предвидените ЕУРО стандарди од Законот за возила, и своерачно потпишал согласност за регистрација, иако немало целосна документација, односно немало уверение за повратник од странство и кон барањето била приложена копија од швајцарска сообраќајна дозвола незаверена на нотар, во која податоците во рубриките биле различни од податоци во оригиналната сообраќајна дозвола.
На 14.05.2020 во 19.00 часот во СВР Скопје, Т.Т.(48) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечила неговата ќерка М.Т.(19). СВР Скопје презема мерки за пронаоѓање на лицето.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Џ.Џ. (45) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
На 07.10.2019 на ул.„Борис Кидрич“ во Тетово, полициски службеници извршиле преглед на возило „голф“, сопственост на Б.Ј.(41) од Тетово, кој бил заедно со пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против Ј.А.Ш. (34) од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „одземање дете“.
Пријавената, на 02.05. и 03.05.2020 околу 12.00 часот и на 08.05.2020 околу 18.00 часот, пред зградата во која живееле, спречила нивното малолетно дете да биде кај поранешниот сопруг, кој согласно решението од ЈУМ ЦСР Кочани имал право на тоа.
СВР Куманово, СВР Скопје, СВР Штип, СВР Битола, СВР Велес, СВР Струмица, СВР Тетово и СВР Охрид поднесоа 83 кривични пријави против: Р.Д.(32) од Куманово, И.З.(38), Ш.З.(37), двајцата од с.Гошинце, општина Липково, М.К.(58), Г.И.(43), двајцата од Крива Паланка, Т.М.(52), И.Д.(26), Г.Ј.(58), Д.Ј.(28), В.А.(27), Д.А.(31), сите шест од Штип, Е.И.(35), С.К.(19), Е.О.(22), Б.Ѓ.(39) сите четири од Делчево, И.П.(36) од Свети Николе, М.А.(19), Г.Д.(31), Д.П.(34), А.О.(21), О.Ј.(23), Ѓ.Д.(37), А.И.(46), В.Ш.(40), Г.П.(41), Н.С.М.(35), Ѓ.Ј.(30), сите 11 од Битола, С.К.(66), Е.К.(43), С.К.(20), тројцата од с.Врбјани, охридско, В.М.(29), Д.Б.(25), А.Е.(46), тројцата од Пробиштип, Д.С.(27) од Марвинци, И.А.(38) од Радовиш, А.Р.(26), У.С.(19), двајцата од Тетово, и биле лишени од слобода; Џ.Р.(49), Ф.С.(48), двајцата од Гостивар и биле лишени од слобода, И.К.(52), Т.А. (31), А.Т.(33), М.Б.(25), Ф.А.(36), Н.А.(51), Р.Џ,(41), И.А.(42), С.С.(32), Е.М.(27), Ф.Р.(27), А.Ш.(20), Џ.И.(19), С.Р.(19), С.Р.(17), М.А.(19), А.И.(30), В.Н.(31), И.М.(22), Х.Ј.(23), сите 20 од Скопје, Б.Д.(45) од Пехчево и бил лишен од слобода, В.Д.(61), Е.А.(35), двајцата од Берово и биле лишени од слобода, С.Д.(23), Ш.Д.(20), Ј.Ј.(38), А.Ф.(37), С.Ф.(40), А.Р.(45), М.Д.(18), Д.Н.(49), Д.П.(21), Р.К.(35), Ѓ.М.(31), Н.К.(35), сите 12 од Велес, М.С.(59) од с.Сулдурци, радовишко, С.Б.(18), Т.Б.(35), И.А.(47), тројцата од Охрид, С.П.(61), А.З.(21), С.Ш.(53), Х.Ш.(23), Х.Ш.(21), сите пет од Струга и биле лишени од слобода, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.
Пријавените не се придржувале кон воведената мерка за ограничено движење.
На 14.05.2020 врз основа на наредба од Основен суд Струмица, по претходно разменети информаци со швајцарската полиција, полициски службеници извршиле претрес во домот на Т.Б.(26) во Ново Село, струмичко.
При претресот биле пронајдени и одземени велосипеди GT Force и BMC FS01, кои потекнуваат од кривично дело – кражба, извршена во Швајцарија. Се работи на целосно расчистување на случајот. сст/