Утрински Весник
Македонија

Цветанка Симоновска нов претседател на Советот на Општина Центар

Цветанка Симоновска нов претседател на Советот на Општина Центар

Скопје, 14 мај 2020 (МИА) – Цветанка Симоновска е избрана за претседателна Советот на Општина Центар на денешната 46-та седница на Советот. Таа доаѓа на местото на Јана Белчева Андреевска на која со 14 гласа „за“, два „против“ и четири „воздржани“ и беше констатиран престанок на мандатот на функцијата претседател на Советот на Општина Центар.

Новиот претседател на Советот Цветанка Симоновска, како што информираат од Општина Центар, е еден од најистакнатте советници од советничката група на СДСМ во Советот, дипломиран инжинер архитект и универзитетски професор во пензија.

-И честитам за изборот на новата претседателка на Советот на Општина Центар од редот на советниците, Цветанка Симоновска. На досегашната претседателка, Јана Белчева Андреевска и посакувам среќа во понатамошното делување, а на новата претседателка и посакувам успех во претседавањето со Советот и многу успешни проекти и ефикасност при работењето, за Центар да го направиме поубаво и подобро место за живеење за сите нас, изјави градоначалникот Богдановиќ.

На денешната седница на Советот на Општина Центар, изгласана е Одлуката за дополнително користење грант средства од Меѓународната банка за обнова и развој (Светска банка) за „Проектот за подобрување на општинските услуги“. Средствата во износ од 3.459.546 денари, општината ќе ги искористи за доопремување на објектот „Пепелашка“, клон на градинката „Кочо Рацин“. Покрај обезбедените средства од грантот, Општина Центар ќе учествува со сопствени средства од општинскиот буџет за 2020 година, со вкупен износ од 224.768 денари.

-Целиот овој грант и обезбедување дополнителни финансиски средства се должат на успешната реализација на Општина Центар за реконструкција на новиот објект – детската градинка „Пепелашка“, како и реконструкцијата на водоводната мрежа на улицата „Титовелешка“ во Маџир маало и нивна навремена реализација, според дадениот рок од страна на Светската банка и Министерството за финансии, додаде Богдановиќ.

Врз основа на сето ова, Општина Центар ќе потпише Меморандум за соработка со ЈП Водовод и канализација, најавуваат од локалната самоуправа. вј/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче не може да биде новото лице на СДСМ, тој и неговите луѓе се синоним за корупција и криминал

Фани Каранфилова Пановска е нов заменик претседател на СДСМ

Да ја оспориме неправдата – претседателката Сиљановска Давкова на 16 дена активизам против родово-заснованото насилство