Утрински Весник
Политички Партии

Костадинов: Изборите се прогласени и распишани одамна, а со владина уредба тие се само одложени, ВМРО-ДПМНЕ е во бунило

Костадинов: Изборите се прогласени и распишани одамна, а со владина уредба тие се само одложени, ВМРО-ДПМНЕ е во бунило

 

Скопје, 13 мај 2020

Прашање: Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека нема согласност изборите да бидат прогласени како што тврдеше  Заев по лидерската, ниту дека има согласност дека ќе важи уредбата за избори 22 дена од вонредната состојба, вашиот коментар?

Одговор: И граѓаните, секако и ние сме свесни за континуираното ширење на лаги од страна на ВМРО-ДПМНЕ. Евидентен е стравот од соочувањето со изборите, секако соочување со изборниот пораз којшто им следува на ВМРО-ДПМНЕ кога и да се случат изборите.

Вреди да ги потсетиме дека изборите се прогласени многу поодамна, дека со прогласувањето на изборите е распуштено и Собранието на Република Северна Македонија и секако заради пандемијата и заради појавувањето на корона вирусот беше донесена уредба со којашто изборите беа одложени.

Вреди да се потсети јавноста за неодговорното и деструктивно однесување од страна  на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ кое што го гледаме и деновиве и на лидерската средба  но и од самото преземање на партијата од страна на Христијан Мицкоски и неговите кадри. Добро знаете дека истиот тој Христијан Мицкоски , на почетокот на пандемијата, кога практично беше прогласена вонредна состојба , ставот на ВМРО-ДПМНЕ беше дека нема потреба од прогласување вонредна состојба туку дека треба да се прогласи кризна состојба.

Вреди да се потсетат граѓаните за ужасното однесување на Христијан Мицкоски кога рече дека Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, бога моли да се случи корона вирусот само за да ВМРО- ДПМНЕ неможе да излезе на улици со граѓаните и да протестира. Вреди да се спомене и деструктивното однесување и неодговорно однесување во целата оваа криза од страна на Христијан Мицкоски и на кадрите на Мицкоски и на ВМРО-ДПМНЕ.

Додека ние донираме, додека ние помагаме на ранливите категории на граѓани имавме можност да видиме како продолжената рака на Христијан Мицкоски сместена во Министерството за внатрешни работи, господинот Наќе Чулев, познат во јавноста како Наќе Отсјај  имаше можност и направи политичка хајка и влезе во магацин и малтретираше волонтери, којшто спремаа хуманитарни пакети за социјално загрозени граѓани.

Еве имаме можност да видиме како неговиот заменик дополнителен министер за финансии не потпишува и кочи  проект вреден 90 милиони евра којшто ќе биде наменет директно за граѓаните, за справувањето со оваа криза.

Целиот овој хаос , ние како одговорна партија секако мислам и граѓаните заедно со нас , ќе направиме што побрзо да заврши. Личните хирови на Христијан Мицкоски и ВМЕО-ДПМНЕ, деструктивното однесување, паниката којашто е плот на тој страв од изборен пораз, нека им остане на ВМРО-ДПМНЕ внатре во белата палата.

Одговор на новинарско прашање, Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ

___________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт