Скопје, 13 мај 2020
Неодговорното и несовесно дејствување на ВМРО-ДПМНЕ и нивните кадри во техничката Влада продолжува и тоа на директна штета на здравјето на раѓаните, на државата и на економијата.
Дополнителната заменичка министерка за финансии од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Димитриеска Кочоска по налог на Христијан Мицкоски го кочи Проектот за итно справување со Ковид 19 вреден 90 милиони евра што од Светска банка треба да ги добие нашата земја.
Кочоска со недели упорно одбива да се потпише на апликацијата со што спречува сериозни средства, 90 милиони евра, наметени за борба со коронавирусот да завршат во нашата држава.
Овој проект, почитувани граѓани е веќе одобрен од Светска банка. Главни цели се да се спречи, открие и да се одговори на заканата од Коронавирусот и да се зајакне јавното здравство во Северна Македонија.
Со овие средства предвидено е да се обезбеди финансирање на здравственото осигурување на ранливите корисници и ќе помогне да се заштити финансиската одржливост на Фондот за здравствено осигурување.
Дополнително, со ова ќе се финансира привремен приход на лица и домаќинства кои исполнуваат услови и се обезбедува социјална помош на ранливите домаќинства погодени од оваа криза. Очекуван опфат на нови корисници погодени од пандемијата се 15.500, а времетраењето на користење на надоместоците е предвидено да трае од 6 до 8 месеци.
Понатаму, со дел од овие средства ќе се обезбеди и лабораториска опрема, опрема за медицинскиот персонал и реновирање на дел од здравствените установи.
Димитриеска-Кочоска од ВМРО-ДПМНЕ е против сето ова. Со непотпишувањето, Кочоска работи против здравството, против поголема помош на ранливите категории на граѓани.
За ВМРО-ДПМНЕ нивните лични и партиски интереси им се поважни од здравјето и економската состојба на граѓаните.
Соочен со стравот од изборен пораз Мицкоски преку неговите кадри во преодната Владата прави сè за да им наштети на граѓаните, секако да ѝ наштети на државата.
Никако не може да разбере дека од изборен пораз нема да помогне со тоа што ќе и наштети на државата.
Ова правење штета на граѓаните и кочење на поретките од страна на ВМРО-ДПМНЕ треба да прекине веднаш.
Прес-конференција на Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ
___________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.