Утрински Весник
Македонија

Дебарското муфтиство ги отвори џамиите за верниците, апелира на строго почитување на мерките

Дебарското муфтиство ги отвори џамиите за верниците, апелира на строго почитување на мерките

Дебар,12 мај 2020(МИА) – Дебарското муфтиство, кое ги опфаќа општините Дебар, Центар Жупа и подрачјето на Река, општина Маврово и Ростуше, денеска ги отвори џамиите за верниците.

Координаторот на муфтиството Решат Качалнику истакна дека сите верници биле запознаени со последната одлука на Ријасетот на ИВЗ за отворање на џамиите и со мерките кои треба задолжително да ги почитуваат, доколку сакаат да влезат во верскиот објект.

Тој посочи дека верниците ги известиле и преку официјалната веб страница на Муфтиството и преку локалните и регионални медиуми.

– Во досегашниот период  вршевме онлајн пренос на молитвите кои ги извршуваа имамите сами. Пренесувани на медиумите кои постојат во нашиот град  беа и предавањата на нашите имами. Со тоа ќе продолжиме и понатаму, додава Качалнику.

Во објавата на Муфтиството се наведува дека дневните намази ќе се клањаат во џамија, освен сабах и акшам, поради тоа што се за време на полицискиот час, па верниците тие клањања ќе ги вршат дома.

– Ги замолуваме верниците да ги почитуваат мерките за заштита со кои претходно ги запознавме. Му благодариме на Возвишениот Алах што ги отвори џамиите во месец Рамазан, и не повика повторно да се вратиме во нив. Алах да го прими нашиот пост, и нашите молитви и да ни ги прости гревовите, стои во објвата на дебарското муфтиство.

На територијата што го опфаќа дебарскто муфтиство има околу 50 џамии, кои беа дезинфицирани уште на почетокот на пандемијата, а тоа е направено и деновиве по најавата за нивно отворање за верниците.вт/фф/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Во М-Нав со години стои купен и неискористен софтвер, поради тоа ограничени се летовите низ македонското небо

Акциска контрола во винички угостителски објекти, лишено од слобода едно лице, затекнати малолетници

Одобрено обвинението за Онкологија, Васев и Нухи го оштетиле буџетот за скоро 36 милиони евра