Утрински Весник
Македонија

Садику: Парламентарните избори да се одржат на 14 јуни

Садику: Парламентарните избори да се одржат на 14 јуни

Скопје, 12 мај 2020 (МИА) – Азем Садику од Демократската партија на Албанците (ДПА) по лидерската средба кај претседатеот Стево Пендаровски изјави дека тие предложиле парламентарните избори да се одржат на 14 јуни.

– Јавното здравје е пред се, но треба да има  избори. Според нашите информации, состојбата се подобрува и  22 дена по Бајрам или поточно на 14 јуни  ние предложивме да биде ден за избори. Но, треба да се научиме да живееме со вирусот, затоа што вирусот ќе биде тука и за подолг временски период, рече Садику.

Тој потенцира дека треба да има избори кога ќе има услови и да се почитуваат сите мерки од соодветните надлежни институции.

-ДПА е задоволна од овие избори и заедно со вирусот да ја однесе во опозиција и владината албанска партија и ДПА да биде достоен претставник на Албанците во наредниот четиригодишен период, дополни Садику.фф/лв/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

(Видео) Со колони знамиња прославено во Скопје Денот на албанското знаме

Јаневска: Директорот во студентскиот дом „Пелагонија“ набавил пилешко по цена од 570 денари за килограм

Ратите за новите автобуси ќе се отплаќаат од 2028 година, најавува премиерот Мицкоски