Утрински Весник
Спорт

Ибрахимовиќ ќе тренира индивидуално две недели пред да се приклучи на соиграчите во Милан

Со „Добредојде Златан“, раководството на Милан го пречека Ибрахимовиќ пред натпреварот со Сампдорија

Милано, 12 мај 2020 (МИА) – Шведскиот фудбалер Златан Ибрахимовиќ синоќа слета во Милано и сега ќе биде во двонеделен карантин, во согласност со безбедносните мерки за спречување на коронавирусот.

„АНСА“ објави дека 38-годишниот напаѓач пристигнал во градот доцна синоќа, два месеци по заминувањето од Италија, откако Серија А беше запрена поради пандемијата.

Ибрахимовиќ, кој потпиша договор со „росонерите“ во јануари, ќе тренира индивидуално во клупската база „Миланело“ во наредните две недели.

Швеѓанецот тренираше со тимот на Хамарби, каде е ко-сопственик, за време на престојот во татковината.
Неговите соиграчи од Милан ја продолжија индивидуалната обука минатата недела и треба да се преселат на групни тренинзи следниот понеделник. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ФИФА ги призна грешките во подготовката на проектот ФФЕ и изрази поддршка за Инфантино

Меси донираше 80.000 евра за обнова на опожарениот регион Мадрид

Скопје и Гевгелија од четврток домаќини на ЕП за кошаркари до 16 години