Утрински Весник
Македонија

Утре без струја делови од неколку скопски општини

Утре без струја делови од неколку скопски општини

Скопје, 12 мај 2020 (МИА) – Поради планирани технички зафати во електро-системот утре без струја ќе бидат делови од Гази Баба, Ѓорче Петров, Центар и Карпош.

Во периодот од 08:30 до 10:30 часот прекин во снабдувањето со електрична енергија ќе имаат корисниците од ул. „Габреж“ бр.4 и бр.6 во општина Гази Баба, а од 08:15 до 15:00 часот, корисниците на дел од ул. „Црногорска поддулица“ бр.2 во општина Ѓорче Петров.

Без струја од 06:00 до 12:00 часот ќе бидат корисниците од булевар „Партизански Одреди“ бр.29 локали:1; 2; 3 ;4 ;5 и 6 во ТЦ Буњаковец, во општина Центар, а од 09:00 до 13:00 часот, корисниците на дел од ул. „Софиска“ во општина Карпош. сст/

 

 

   

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Четири лица уапсени во Муртино поради дрога

Лицата кои се обидоа да ја запалат синагогата во Скопје биле поврзани со Исламска држава, велат од АНБ

Пензионер од Штип физички нападнал дете