Утрински Весник
Спорт

Барселона почна поинтензивно да работи на трансферот на Пјаниќ

Пјаниќ: Никогаш не сум сакал да го напуштам Јувентус

Барселона, 12 мај 2020 (МИА) – Барселона продолжува со преговорите за трансферот на играчот од средниот ред на Јувентус, Миралем Пјаниќ. Според ЕСПН, каталонскиот клуб почнал поинтензивно да работи во оваа насока. Барселона сака да го размени Артур за Пјаниќ, но Бразилецот има намера да остане во Барселона.

Пјаниќ, пак, е отворен за преминот во Барселона.

Претходно беше објавено дека 30-годишниот играч од средниот ред на репрезентацијата на Босна и Херцеговина ги одбил Манчестер јунајтед и ПСЖ заради преселбата на „Камп ноу“.

На 22 натпревари во Серија А оваа сезона, Пјаниќ постигна три гола и направи четири асистенции. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Јапонецот Ташима има намера да се кандидира за претседател на ФИФА

Македонските ракометари го пречекуваат Луксембург на стартот на квалификациите за ЕП 2028

Шок и тага во Шпанија: Фудбалер на Тенерифе почина по драмата на теренот