Утрински Весник
Македонија

ОЈО Штип поднесе парични казни против шест лица за непочитување на полицискиот час

Казнени налози за петмина битолчани, го прекршиле полицискиот час
Dik 300x250 mk

Скопје, 11 мај 2020 (МИА) – Oсновното јавно обвинителство Штип поднесе предлози за издавање казнени налози против шест лица кои непочитувајќи ја Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија, сториле кривичното дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, соопштија од ОЈО Штип.

– Обвинетите во одделни кривично правни настани за време на полицискиот час биле затекнати како недозволено се движат на различни локации, информираат од обвинителство.

Надлежен обвинител достави предлог до Основниот суд Штип на обвинетите да им биде изречена парична казна од по 50 дневни глоби, секоја од нив во висина од 10 евра во денарска противвредност​. оџ/ац/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Лишени од слобода возачи во Валандово, Битола и Кочани, управувале возила под дејство на алкохол

Андоновска: СДС да се дистанцира од Филипче и Заев, на Македонија и треба силна опозиција

До вторник облачно време со дожд, потоа стабилно и суво