Утрински Весник
Македонија

Започна седибата на домати и кромид во бањичкото поле

Започна седибата на домати и кромид во бањичкото поле

Гостивар, 10 мај 2020 (МИА) – Земјоделците од гостиварските села Горна и Долна Бањица ги започнаа подготовките за сеидба на градинарски производи. Традиционално, во бањичкото поле ќе се заесат домати и кромид.

Орањето и обработката на земјата во бањичкото поле оваа година доцни речиси две недели. Земјоделците кои ги затекнавме на нивите велат дека студеното и дождливо време придонело за одложување на подготовките за сеидба. Нареднава недела ќе почне и засадувањето на расадот кој веќе е подготвен.

Феуал Адеми, земјоделец од Долна Бањица оваа година решил на неговите нивите да засади само домати. Ограничувањата за движење заради корона-кризата не влијале, бидејќи како што рече, тој неговите соселани наишле на разбирање од властите.

– Дождовите не ни дозволија да влеземе во нивите во планираното време. Секако дека тоа ќе влијае врз реколтата и плодвите на пазар ќе се најдат со задоцнување. Моравме да се прилагодиме и на ограничувањата, но сепак наидуваме на разбирање. Маката допрва следува. Не знам како ќе поминеме оваа година со оглед на цените. Лани едвај ги покривме трошоците, вели Адеми.

Тој се пожали дека работата на нивата му ја отежнуваат бездомните кучиња оваа пролет се намножени. Неконтролирано шетаат по нивите и ги уништуваат насадите. Дополнителни потешкотии му задава каналот што минува покрај неговата нива. Водата во која има отпадоци се излева и ги повика локалните власти, да интервенираат и побрзо да ги исчистат каналите, кои ги користат за наводновување.

Долнобањицанецот Реџаил Мемеди, го запре тракторот со кој ораше и започна разговор. И тој потврди дека оваа пролет се доцни со седибата, најмногу заради врнежливото време. Тој оваа пролет планира да обработи околу четири хектари. На нив ќе засее бањички кромид.

– Конечно се отвори времето и да влеземе во нивите. Нема некој есап од работата, но жал ни е да останат нивите необработени. Лани цената беше десет денари за килограм. Нешто продадовме, а еден дел го фрливме. Се надевам дека оваа година цената на кромидот ќе биде повисока, за да видиме аир од работата, вели Мемеди.

Освен со пласманот и цените, овие земјоделци се соочуваат и со недостиг на работна сила. Тешко наоѓаат работници, особено кога доаѓа време на бербата на доматите и кромидот.

 

Земјоделците кои се повозрасни се загрижени кога станува збор за опстојувањето на земјоделството во овој крај. Велат, дека помладите генерации не се вклучуваат во земјделството, бидејќи како што рекоа, вложеното не се враќа и не носи добивка, па мораат да одат на печалба.

На заминување искажаа оптимизам дека кромид и домати ќе има по пазарите, но малку подоцна од вообичаеното.згм/скс/

 

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Скопје никако да се спаси од загадувањето, повторно во топ 10 најзагадени градови во светот!

Д-р Јовановски на подкаст ЗРАК: Има различни методи на реконструкција по мастектомија

Кузмановска: Хема – Онко нуди поддршка за лицата заболени од канцер