Утрински Весник
Македонија

Седумнаесет илјади посетители за седум години постоење на Музејот на традиционална тиквешка храна

Седумнаесет илјади посетители за седум години постоење на Музејот на традиционална тиквешка храна

Кавадарци, 10 мај 2020 (МИА) – Седумнаесет илјади посетители за седум години постоење го посетиле  Музејот на традиционална тиквешка храна во Кавадарци, попознат како Куќа на мирис и вкус.

– Одбележуваме седумгодишно постоење. Иако во време на карантин и затворен за посетители, Музејот продолжи да ги реализира активностите онлајн преку фејсбук страница и ги запознава сите љубители на музејската дејност со активностите, велат од оваа културна институција.

Оттаму потсетуваат дека Музејот беше отворен како резултат на проект од Програмата за македонско-грчка прекугранична соработка „Гастрономски патишта – Кајмакчалан”, меѓу општините Кавадарци и Едеса, финансиран од Европска Унија.

– Музејот има за цел водење на културна грижа и културна едукација на сите посетители (млади, ученици од училишна и предучилишна возраст, туристички групи) и запознавање со културните вредности што овој објект ги поседува. Овде се изложени повеќе од 500 предмети и орудија и алати за обработка и производство на традиционална тиквешка храна, нагласуваат од Куќата на мирис и вкус. свд/мс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Ахмети: Пред 122 години на Илинден Македонците и Албанците беа заедно, сега сме едни наспроти други

Делегација на СДСМ предводена од потпретседателката Каја Шукова оддаде почит во Скопје, по повод Денот на Републиката

Бленди Ходаи: За Кочани ќе нема правда зашто институциите се фокусираа на контаминација на гневот и револтот на граѓаните