Утрински Весник
Македонија

Тетовец удрил со товарно возило во метална ограда на автопатот Тетово – Скопје и починал

Во сообраќајка кај Карпалак еден потешко повреден, двајца со лесни повреди

Скопје, 10 мај 2020 (МИА) – Товарно моторно возило „форд ренџер“ со тетовски регистарски ознаки управувано од И.Б.(25) од Тетово вчера околу 7:20 часот излетало од автопатот Тетово-Скопје во близина на мост на реката Вардар и удрило во метална ограда.

Како што информираат од МВР, по незгодата возачот И.Б. со возило на итна медицинска помош бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје каде починал поради сериозноста на повредите.

Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и увидна екипа од СВР Тетово. вј/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Јаневска: Децата ќе ги завршуваат обврските од 8 до 16:30 во училиште, дома ќе имаат време за семејството

Јаневска: 252 студенти се одбиени, дел поднеле некомплетна документација

Јаневска: Студентскиот дом „Стив Наумов“ го направивме хотел А категорија