Утрински Весник
Спорт

Морав да преживеам 6 месеци со јаже околу вратот во Јунајтед, вели Ван Гал

Морав да преживеам 6 месеци со јаже околу вратот во Јунајтед, вели Ван Гал
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Манчестер, 10 мај 2020 (МИА) – Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Луис Ван Гал, продолжува да го напаѓа извршниот директор на клубот, Ед Вудворд.

Холанѓанецот ги водеше „црвените ѓаволи“ помеѓу 2014 и 2016 година, по што беше заменет со Жозе Мурињо.

– Најтешко во текот на мојот престој во клубот беше да преживеам 6 месеци со јаже завиткано околу вратот. Мојата сопруга Трус ме предупреди дека тоа ќе биде случај, а жените имаат одличен инстинкт за такви нешта. Таа предвиде што крои Вудворд. Не мислев дека тој навистина ќе го стори тоа. Тоа беше најголемото изненадување во мојата кариера кога Вудворд ме отпушти по втората сезона на Олд Трафорд, изјави Ван Гал за „Мирор“.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Специјализирани тестирања на олимписките стипендисти за Лос Анџелес 2028

Фудбалските менаџери заработија рекордни пари во 2025

Беќири: Шкендија на натпреварите покажа стабилност