Утрински Весник
Спорт

ПСЖ ќе побара од Интер да го продолжи закупот на Икарди

Јуве ја започнува офанзивата за Икарди

Париз, 9 мај 2020 (МИА) – Раководството на Пари Сен-Жермен, има намера да побара од Интер во блиска иднина согласност за продолжување на закупот на напаѓачот Мауро Икарди, објави „Л’Екип“.

Исто така, парижаните се подготвени да понудат алтернативна опција – да го откупат договорот на Аргентинецот, но доколку Италијанците ја намалат цената од 70 на 50 милиони евра.

Икарди има 20 голови и четири асистенции на 31 натпревар за ПСЖ во сезоната 2019/20. Порталот Transfermarkt.com го проценува фудбалерот на 60 милиони евра. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Јапонецот Ташима има намера да се кандидира за претседател на ФИФА

Македонските ракометари го пречекуваат Луксембург на стартот на квалификациите за ЕП 2028

Шок и тага во Шпанија: Фудбалер на Тенерифе почина по драмата на теренот