Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Хамилтон: Пред празни трибини ќе бидеме полоши отколку на тестовите, но подобро е од ништо

Хамилтон ја освои Големата награда на Франција
Img 7972

Лондон, 9 мај 2020 (МИА) – Пилотот на Мерцедес, Луис Хамилтон го сподели своето мислење за одржувањето на трките во Формула 1 пред празни трибини поради пандемијата на коронавирус.

– Патеките како Силверстон и Монца ќе изгледаат многу тажно без гледачи на трибините. Како и да е, задоволен сум од пораките на навивачите ширум светот кои велат дека ги очекуваат трките. Ова укажува на улогата на нашиот спорт во нивните животи. Не знам дали ќе биде интересно да ги гледам трките на празни трибини, но ова е во секој случај подобро од ништо. Точно, за нас ќе биде уште полошо од тестовите. Иако имаше навивачи дури и во февруари на тестовите во Барселона. Секако, ми недостасува трката, со нетрпение очекувам да започне почетокот на сезоната. Ваквите моменти ве гтераат да ја цените работата и да ја сакате уште повеќе. Дава енергија и инспирација да се продолжи со работа, изјави Хамилтон.

Раководството на Формула 1 планира да ја започне сезоната со две трки во Австрија на 5 и 12 јули. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Шеста светска клупска титула за ракометарите на Барселона

Федерер, Дел Потро и Кузнецова номинирани за влез во тениската Куќа на славни

Синер го победи Тинг во два сета во финалето во Пекинг