Скопје, 9 мај 2020 (МИА) – И покрај кризата со коронавирусот, успеавме да го вратиме проширувањето на вистинскиот пат со нашата ревидирана методологија, што доведе до отворање на пристапни преговори со Северна Македонија и Албанија, истакнува еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји во виде пораката по повод Денот на Европа.
– Самитот оваа недела ја потврди европската перспектива на регионот, како и засилениот ангажман на ЕУ. Би сакал да им честитам на сите наши партнери во Северна Македонија за овие достигнувања и ви посакувам среќен Ден на Европа, порачува Вархеји.
Денот на Европа, псосочува еврокомесарот, годинава го славиме во вонредни времиња на глобална пандемија на коронавирус.
– Во оваа невидена криза ЕУ регаираше брзо за да го заштити животот на луѓето, да ги зајакне здравствените системи и да ги ублажи социо-економските влијанија. Дејствуваме и на глобално ниво: од поддршка на напорите за брзо развивање на вакцина, до активности за солидарност со нашите партнери, почнувајчи од Западен Балкан. Како ЕУ обезбедивме финансиска поддршка и ги вклучивме партнерите од регионот во иницијативите на земјите членки, вели еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји во видео пораката по повод Денот на Европа.мс/са/