Утрински Весник
Македонија

Во Пехчево оздраве првиот пациент со короронавирус, регистриран нов случај на заразен од Ковид-19

Лекар во пензија е вториот позитивен на коронавирус во Пехчево

Пехчево, 9 мај 2020 (МИА) – Во Пехчево оздраве првиот пациент кој на 19 април 2020, беше регистриран како прв позитивен случај во оваа општина. Во моментот, како што потврдија од здравствениот дом во Пехчево, има нов случај на пациент со присуство на Ковид-19, што е вкупно трет случај на вирусот.

-На големо задоволство можеме да кажеме дека првиот пациент кој пред неполн месец беше регистриран како позитивен на вирусот е оздравен. Вториот пациент се уште е на лекување, така што заедно со денешниот случај во општина Пехчево има два активни случаи на Ковид-19, информираа надлежните.
Во меѓувреме, како што е потврдено од надлежните служби во Берово, 55-годишна жителка на село Владимирово е првиот позитивен на Ковид-19 во Берово.
-Истата според информациите кои ги добивме, вирусот го добила во клиниката за Онкологија и радиологија во Скопје, каде што неколку дена престојувала и се грижела за нејзиниот брат кој е тешко болен, информираа надлежните.
Моментално пациентката е хоспитализирана во инфективната клиника во Штип, со полесни симптоми на корона вирусот. Случајот го потврди и министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција. вс/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Заплена на нелегални дрва, приведен и вработен од „Македонски шуми“

Што може да донесе утрешниот Конгрес на СДСМ?

Во Битола санирани проблемите од вчерашното невреме