Утрински Весник
Спорт

„Газета“: Пјаниќ рече „да“ на Барса!

Пјаниќ: Никогаш не сум сакал да го напуштам Јувентус

Торино, 8 мај 2020 (МИА) – Италијанска „Газета“ носи ексклузивни информации дека репрезентативецот на Босна и Херцеговина, Миралем Пјаниќ, рекол „да“ на Барселона!

Истата информација ја пренесе и „Мундо депортиво“, кој е запознаен одблиску за случувањата во каталонскиот клуб.

Во претходните денови имаше информации дека Барса е заинтересирана за Пјаниќ, додека Артур може да замине во спротивна насока.

Сепак, бразилскиот играч од средниот ред нема намера да ја напушти Барселона, па резервната опција на Каталонците е да им ги понудат на Јувентус Ракитиќ и Артуро Видал.

Сепак, согласноста на Пјаниќ за трансферот не мора да значи ништо ако клубовите не постигнат договор на крајот и Јувентус не е задоволен од понудената размена.

Претходно се појавија информации дека Барса ги сака Родриго Бентанкур или Федерико Бернадески наместо Пјаниќ, па нема сомнение дека следните неколку дена ќе бидат особено интересни кога станува збор за овие два клуба и потенцијалните трансфер бомби.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина