Утрински Весник
Македонија

Намален водостојот на Дојранското Езеро

Зголемен водостојот на Дојранското Езеро

Скопје, 7 мај 2020 (МИА) – За еден сантиметар е намален водостојот на Дојранското Езеро, а нивоата на другите две природни езера се исти како вчера, покажуваат последните мерења од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

И покрај тоа, единствено Дојранското Езеро има повисок водостој од вообичаениот за мај и тоа за 2,94 метри, додека кај Охридското и Преспанскот Езеро е за еден сантиметар, односно за 97 сантиметри понизок од повеќегодишниот просек за овој месец.

Понизок водостој од вообичаениот имаат и речиси сите реки во земјава со исклучок на Бабуна на мерното место кај Богомила и Црна Река кај Р.Б. Мост. вј/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Поднесено обвинение против серискиот убиец од Старо Нагоричане

Пронајдени неексплодирани гранати во две битолски села

Ристов: Преку инвестиции во акции граѓаните да учествуваат во изградба на ХЕЦ „Чебрен“