Утрински Весник
Спорт

ПСЖ сака да го добие Мертенс бесплатно

Мертенс планира да го напушти Наполи на крајот на сезоната

Неапол, 7 мај 2020 (МИА) – Напаѓачот на Наполи, Дрис Мертенс може да оди во Пари Сен-Жермен. Според веб-страницата на новинарот Џанлука Ди Марцио, парискиот клуб сака да го добие играчот бесплатно.

Договорот на Мертенс со Наполи завршува, а во лето ќе добие статус на слободен агент. Оваа сезона, белгискиот фудбалер настапи на 29 натпревари за Наполи, постигнувајќи 12 голови и забележувајќи шест асистенции.

Мертенс е во Наполи од 2013 година. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Енди Мареј е нов тренер на Новак Ѓоковиќ

Чоло утре ќе влезе во историјата на Ла Лига

Јамал потпишува нов договор со Барселона со откупна клаузула од милијарда евра