Утрински Весник
Македонија

Почна Самитот на ЕУ за Западен Балкан – Загреб 2020

Почна Самитот на ЕУ за Западен Балкан – Загреб 2020
Dik 300x250 mk

Скопје, 6 мај 2020 (МИА) –  Премиерот Оливер Спасовски на партнерите од ЕУ денеска ќе им порача дека Северна Македонија е подготвена заедно со Европската комисија и Европскиот совет да ја закажеме првата меѓувладина конференција за да го отпочнеме преговарачкиот процес согласно со новата методологија, наведува владината прес-служба соопштувајќи дека почна Самитот на ЕУ за Западен Балкан – Загреб 2020 кој оваа година се одржува со видеоконференција.
Прес-службата на Владата посочува дека Самитот ја потврдува определбата на ЕУ дека регионот е составен дел на Европа и геостратешки приоритет за Европска Унија.
-Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Оливер Спасовски изразува искрена благодарност до нашите хрватски пријатели, лидерите на ЕУ институциите и лидерите на земјите членки на ЕУ за можноста да се одржи самитот во видеоконференциска форма што стана наша секојдневна реалност, наведва прес-службата на Владата.
Самитот во Загреб е симболичен бидејќи точно пред 20 години, исто така, во овој град беше одржан првиот од серијата самити на кои се отвори европската перспектива за земјите од регионот.
-Самитот на ЕУ за Западен Балкан – Загреб 2020 се одржува за време  на пандемијата од КОВИД-19, но донесе и нешто позитивно – јасно ја покажа солидарноста на ЕУ за итна поддршка за здравствениот сектор и со финансискиот пакет за соочување со социоекономските последици, и тоа ја прави Европската Унија единствена и посебна и посакуван дом и за нашите граѓани, се додава во соопштението. хс/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Лишени од слобода возачи во Валандово, Битола и Кочани, управувале возила под дејство на алкохол

Андоновска: СДС да се дистанцира од Филипче и Заев, на Македонија и треба силна опозиција

До вторник облачно време со дожд, потоа стабилно и суво