Утрински Весник
Македонија

Дебрани ги почитуваат мерките за ограничено движење

Дебрани ги почитуваат мерките за ограничено движење
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Дебар, 6 мај 2020 (МИА) – Полициската статистика за последното деноноќие, потврдува дека жителите во Дебар и Центар Жупа, ја испочитувале одлуката за забрана за движење.

-Во текот на изминатото деноноќие за време на спроведувањето на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на Ковид-19 на подрачјето на Одделението за внатрешни работи Дебар, целосно е почитувана забраната за движење. Не се регистрирани ниту нарушувања на јавниот ред и мир ниту сообраќајни незгоди, изјави Стефан Димоски портпарол на Секторот за внатрешни работи-Охрид.

Според него во сампоизолација е само едно лице, кое како што е предвидено со законските прописи контролирано е од страна на полициските службеници.

Во Дебар, кој беше првото жариште на Ковид-19 во државава денеска е 21 ден како нема новозаразени со опасниот вирус. Од вкупно 51 заразено лице (две од Центар Жупа), 47 се оздравени додека четворица починаа. вт/аа/

 

 

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Политички судир: Реформи на СДСМ наспроти националниот наратив на ВМРО-ДПМНЕ за влез во 2026 година

34 автомобили оштетени на паркинг во Аеродом

СДСМ обвинува дека власта го следела Филипче