Утрински Весник
Македонија

За упис на факултетите со диплома за завршено средно образование во оваа учебна година

Адеми: Законот мора да се почитува, статус студент само со положена државна матура
Dik 300x250 mk

Скопје, 5 мај 2020 (МИА) – На високообразовните установи, покрај веќе утврдените услови, ќе можат да се запишат и учениците од завршните години од учебната 2019/2020 година со дипломата од завршено средно образование, објави министерот за образование и наука Арбер Адеми.

-Ги уредивме и уписите во оваа академска година на високообразовните установи, покрај веќе утврдените услови ќе можат да се запишат и учениците од завршните години од учебната 2019/2020 година со дипломата од завршено средно образование, објави Адеми на својот Фејсбук-профил, соопштувајќи дека Владата на седница  ги усвоила уредбите за основното, средното и виското образование со кои се обезбедува непречено функционирање на воспитнообразовниот систем.

Адеми ги наведува и одлуките кои Владата ги донесе во четвртокот –  укинување на државната матура, училишната матура и завршниот испит за учениците од завршните години запишани во оваа учебна година, учениците од основните и средните училишта не се враќаат во училишните клупи односно наставата до 10 јуни ќе заврши по пат на далечинско учење, а уписот на првачињата за учебната 2020/2021 година ќе се врши во јуни наместо во мај. хс/бак/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Почина политичкиот аналитичар Агим Јонуз

Почина поранешниот кошаркар на Пелистер, Зоран Петковски

Да се остават во минатото луѓето кои освен освен распродажба на Македонија, не покажаа ништо друго, повика Мицкоски од Росоман