Утрински Весник
Македонија

Обвинети лицата кои играа оро за време на полицискиот час во Гевгелија

Обвинети лицата кои играа оро за време на полицискиот час во Гевгелија
Dik 300x250 mk

Скопје, 5 мај 2020 (МИА) – За играње оро во полициски час, ОЈО Гевгелија побара 30.000 евра казна за 30 играорци од Гевгелија и 13.000 евра за лица кои се движеле пеш или со возила со што не ја почитувале забраната за движење.

Јавното обвинителство информира дека 30 лица се обвинети затоа што на 19 април 2020 година, за време кога во сила била забраната за движење, излегле од своите домови и на улицата „Јосиф Јосифовски“ во Гевгелија играле оро, на претходно пуштена музика. Обвинетите со тоа, постапиле спротивно на забраната за движење, односно полицискиот час и не ја почитувале Одлуката на Владата со која се предвидуваат мерки за спречување на натамошно ширење на опасната заразна болест предизвикана од вирусот Ковид-19.

Останатите 13 лица, го сториле кривичното дело движејќи се пеш или со возила за време на полициски час. мс/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Левица: Орце бега од дебата без тутор и наместени прашања

Давкова на вечера со Макрон

ВМРО-ДПМНЕ: Али Експрес левичарите си измислуваат приказни во кои само тие си веруваат