Утрински Весник
Македонија

Хрватскиот форум и Македонско-хрватското друштво го поздравуваат ангажманот на ЕУ и на Загреб кон Западниот Балкан

Хрватскиот форум и Македонско-хрватското друштво го поздравуваат ангажманот на ЕУ и на Загреб кон Западниот Балкан
Dik 300x250 mk

Скопје, 5 мај 2020

Хрватски форум и Македонско-хрватското друштво го поздравуваат досегашниот ангажман на ЕУ посветен на земјите од Западен Балкан, како и јасната проактивност на Хрватска како актуелен претседавач со ЕУ преку недвосмисленото ставање како приоритет на проширувањето на ЕУ.

Сметаме дека е потребно на утрешниот онлајн самит на ЕУ и Западен Балкан, кој инаку требаше да се одржи месецов во Загреб, 20 години подоцна на истата локација во Хрватска, уште еднаш да се потврдат јасните европски определби на земјите од соседството и подготвеноста на ЕУ за проширување.

Веруваме дека Загрепскиот онлајн самит, прв ваков во историјата на ЕУ, ќе ја потврди солидарноста со земјите од Западниот Балкан во насока на идното делување на санирање на последиците од коронавирусот, економскиот развој и натамошната европска перспектива на 6-те држави.

Убедени сме дека е повеќе од потребно, земјите од регионот да останат во фокусот на ЕУ и да добијат поддршка кон полноправно членство во европското семејство.

Во оваа прилика, особено го поздравуваме, претседавањето на Хрватска со ЕУ, која како земја и покрај тешките околности и борбата со корона вирусот, успеа темата на проширување да ја задржи високо на својата агенда и да обезбеди консензус од 27 членки за отпочнувањето преговори со Македонија.

Тим за односи со јавноста на Хрватски форум

___________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Спасовски: Резултатот е катастрофален, но вината не е само кај Филипче

Онкологија со месеци без тумор маркери и основна терапија за пациентите со рак

Безживотно тело на млада девојка најдено во Тетово