Утрински Весник
Македонија

Костадинов: Веднаш по нормализација на состојбата со коронавирусот треба да се оди на избори, тоа е одговорно од здравствен и економски аспект

Костадинов: Наќе Отсјај функционира строго по режимската матрица, злоупотребува државни ресурси за сопствена промоција

Скопје, 5 мај 2020 (МИА) – Ставот на СДСМ е дека веднаш по нормализацијата со коронавирусот треба да се оди на избори, бидејќи тоа важно и за економијата, а одговорно е и да имаме демократски избори и функционален Парламент, изјави портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.

– Секако дека во однос на ставовите на СДСМ морам да кажам дека се во континуитет конзистентни и непроменливи. Од самиот почеток на корона кризата нашите ставови се максимално да се почитуваат препораките коишто доаѓаат од кризниот штаб, епидемиолозите и стручните лица кои се соочуваат и се борат против Ковид-19, нагласи Костадинов

Костадинов нагласи дека според последните мислења и заклучоци на експертите, епидемиолозите и лица кои навистина ја разбираат оваа проблематика, ние се наоѓаме во фаза каде вирусот Ковид-19 полека го губи интензитетот.

– Нашиот став е дека веднаш по нормализацијата со коронавирусот треба да се оди на избори. Зошто? Заради тоа што е тоа важно и за економијата, секако имајќи ги предвид и мислењата што кружат низ Европа и светот дека можеби не очекува и некој нов бран на Ковид-19 вирусот, одговорно е да имаме демократски избори и функционален Парламент, истакна Костадинов одговарајќи на новинарско прашање дали брзи избори би биле погодни за македонското општество и економија кои се погодени од корна кризата. сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Речиси 1.000 пожари на возила од 2022 до 2026 година

Мицкоски му ја честита победата на Илија Срдановиќ, носител на Студентската листа во Србија

Пронајде 4.000 евра, но избра да биде чесен – Огнен доби признание