Утрински Весник
Македонија

ЕУ: Ќе помогнеме да се реши спорот меѓу Скопје и Софија

ЕУ: Ќе помогнеме да се реши спорот меѓу Скопје и Софија

Брисел, 5 мај 2020 (МИА) – Несогласувањата со Бугарија нема да бидат тема на разговор на утрешниот самит ЕУ – Западен Балкан, но ЕУ уверува дека ќе стори сѐ да помогне да се надминат разликите меѓу Скопје и Софија, јави дописничката на МИА од Брисел.

Ова беше порачано денеска од страна на висок ЕУ дипломат инволвиран во подготовките за утрешниот самит. Тој истакна дека параграфот девет од загрепската декларација потсетува дека регионалната соработка е централен фактор за Европската Унија.

-Ќе сториме сѐ што можеме да ги олесниме соседските односи, сѐ за да го внесеме регионот во Европа, но дел од работата мора да дојде од самиот регион, да проба да ги реши проблемите сам, секаде има соседски проблеми, и во ЕУ ги има, силните односи и споровите со соседите не се ништо ново ниту извонредно, истакна дипломатот.тм/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Мавровско Езеро порибено со 400 килограми риба, воведена двомесечна забрана за лов на крап

Јаневска: Обвинувањата на СДСМ за условите во „Стив Наумов“ не се точни, студентите живеат во еден од најубавите и најмодерни домови на Балканот

Врховниот суд ги укина пресудите за пожарот во тетовската модуларна болница