Битола, 5 мај 2020 (МИА) – Универзитетот „Св.Климент Охридски”-Битола почнува со серија дискусии за влијанието на новите предизвици од пандемијата врз повеќе процеси во општеството.
Првата тема е посветена на влијанието на пандемијата врз високото образование, а ќе учествуваат министерот за образование и наука Арбер Адеми, ректорите на јавните универзитети во Скопје, Битола и Штип – Никола Јанкуловски, Сашо Коруновски и Мишко Џидров, и ректорот на Универзитетот на ЈИЕ во Тетово, Абдулменаф Беџети.
„Корона онлајн дијалозите“ се отворени за учество и дискусија, а ќе ги модерира проректорот на Битолскиот универзитет, проф. д-р Марјан Ѓуровски.
Првата активност е закажана и ќе се одржи утревечер, информираат од Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола. мт/хс/