Утрински Весник
Македонија

„Корона дијалози“ онлајн на УКЛО-Битола

„Корона дијалози“ онлајн на УКЛО-Битола

Битола, 5 мај 2020 (МИА) – Универзитетот „Св.Климент Охридски”-Битола почнува со серија дискусии за влијанието на новите предизвици од пандемијата врз повеќе процеси во општеството.

Првата тема е посветена на влијанието на пандемијата врз високото образование, а ќе учествуваат министерот за образование и наука Арбер Адеми, ректорите на јавните универзитети во Скопје, Битола и Штип –  Никола Јанкуловски, Сашо Коруновски и Мишко Џидров, и ректорот на Универзитетот на ЈИЕ во Тетово, Абдулменаф Беџети.

„Корона онлајн дијалозите“ се отворени за учество и дискусија, а ќе ги модерира проректорот на Битолскиот универзитет, проф. д-р Марјан Ѓуровски.

Првата активност е закажана и ќе се одржи утревечер, информираат од Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола. мт/хс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите на новоименуваната британска амбасадорка, Сивањанам

УЖАС: Цели девет месеци силувал дете под 15 години во Куманово

Земјотрес попладнево во Македонија, епицентарот на 13 километри од Охрид