Утрински Весник
Македонија

Вкупно 25 лица не ја почитувале забраната за движење, 17 се приведени

Девет казнени налози предложи ОЈО Радовиш
Dik 300x250 mk

Скопје, 5 мај 2020 (МИА) – Вкупно 25 лица на ниво на цела држава изминатото деноноќие не ја почитувале забраната за движење. Притоа 17 лица се приведени, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.

Според статистиката на МВР, за изминатото деноноќие на 27 лица им се издадени решенија за изолација, а 138 лица потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што е утврдено дека едно лице не ја почитувало мерката за самоизолација. мд/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Ѓорѓиевски откри дека 371 вработени се отпуштени од работа, се истражуваат големи малверзации во Комунална хигиена

Сторијата „По трагите на Јулија“ на 360° ја доби првата награда на ЕУ за истражувачко новинарство

ДИК ги одби сите 16 приговори за постапките за гласање и за сумирање на резултати во Брвеница, Шуто Оризари и Карпош