Утрински Весник
Македонија

Почна уписот на студенти на Универзитето на Југоисточна Европа во Тетово

Почна уписот на студенти на Универзитето на Југоисточна Европа во Тетово

Тетово, 4 мај 2020 (МИА) – Од денеска до 19 септември трае повикот на Универзитетот на Југоисточна Европа за запишување нови студенти во академската 2000/2021 година. Прием на студенти ќе се врши во сите три циклуси – дипломски, постдипломски и докторски студии на сите пет факултети на Универзитетот.

-Правото на апликација е отворено за сите кандидати кои ги исполнуваат условите и критериумите предвидени со повикот. Кандидатите треба да ги достават документите наведени на Студентски услуги (на Универзитетскиот кампус во Тетово или во Скопје) или по пошта. Во повикот објавен на интернет страницата на Универизитетот може да се најдат сите потребни податоци за критериумите за запишување. Потребно е да се пополни онлајн апликација, да се уплати задолжителна такса, да се напише кратка биографија/мотивациско писмо како и да се достават потребни документи-дипломи за завршено образование, извод од родени и документ за идентификација, информираат од Универзитетот.

При уписот се тестира познавањето на англискиот јазик на кандидатите. Тестирањето не значи елиминација на кандидатите. ас/мч/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Ана Котевска освои златна медала на интеранационалната Олимпијада по германски јазик

Влен почнува со формирање на Академија на Албанците за Наука и Уметност

ВМРО ДПМНЕ: Кога следен пат од СДС ќе зборат за наводни криминалци прво нека си заметат во својот двор