Утрински Весник
Македонија

Кризен штаб Куманово: Да почнат со работа пазарите и да се врати зонското паркирање

Кризен штаб Куманово: Да почнат со работа пазарите и да се врати зонското паркирање

Куманово, 4 мај 2020 (МИА)Јавното претпријатие „Пазаришта“ ќе треба да го прилагоди работењето на добиточниот пазар, согласно мерките и препораките на надлежните институции, препорача денеска кризниот штаб. На денешната седница штабот донесе и препорака да почнат со работа Зелениот и реонскиот пазар во Куманово, а ќе се враќа и зонското паркирање.

ОШЗС Куманово врз основа на решение за безбедносни мерки во однос на коронавирусот, донесено врз основа на член 20 став 1 од Законот за безбедност на храната, мерките на Владата, препопраките на Министерството за здравство и диреткорот на Агенција за храна и ветеринарство, препорачува ЈП „Пазаришта“ да го прилагоди работењето на добиточниот пазар, се наведува во соопштението од штабот.

Јавното претпријатие „Пазаришта“ побарал од штабот, кој пак препорача да почне со работа и Зелениот и реонскиот пазар за продажба на храна, земјоделски продукти, цвеќе, но и други произвои на второто и трето ниво, од понеделник до петок од 08:00-16:00 часот, при што задолжително ќе се применуваат веќе утврдените мерки за заштита од вирусот.

Штабот препорача на Куманово да го стави во функција зонското паркирање организирано од  ЈП „Куманово паркинг“, со цел да се уреди паркирањето и  да се намали сообраќајниот метеж во градот.ам/бт/

 

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Тројца мажи физички нападнале 30-годишник во Чаир

Постигнат договор за цената на црвената пиперка ајварка – 40 денари по килограм ќе се откупува

Млади момчиња уапсени, се обиделе да ограбат ЈЗУ во Велес