Утрински Весник
Македонија

Наредните денови план за градинките, кога ќе биде готов ќе се знае кога и на кој начин ќе почнат да работат

Проект за инклузија на деца Роми во предучилишно образование во Општина Неготино
Dik 300x250 mk

Скопје, 4 мај 2020 (МИА) – За работата на градинките разговаравме на Комисијата за заразни болести и за тоа се уште траат консултациите во рамки на нивната експертска група, ќе ги контактираме и самите градинки, за да се изработи посебен протокол, истакна министерот за здравство Венко Филипче на прес-конференција.

Свесни сме, посочи министерот, дека е навистина тешко и голем предизвик, заради тоа што децата нормално дека се во ризик практично да бидат трансмисија на болеста, многу тешко таму некои правила може да се одржуваат.

– Сакаме да донесеме еден план што навистина ќе може да се спроведе, посебно што градинките мора да бидат во функција кога сите ќе се вратат на работа. Во наредните денови кога планот ќе биде готов ќе дадеме повеќе информации за тоа кога и на кој начин градинките ќе почнат да работат, додаде Филипче. рп/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

СДСМ е на раб на исчезнување по изборното цунами, велат од ВМРО-ДПМНЕ и го повикуваат Филипче да си поднесе оставка

Првичните сознанија не укажуваат дека студентката од Косово, која беше пронајдена мртва во Тетово, била убиена

73-годишна жена уапсена во Неготино, си го запалила домот